
Корупцијата влијае врз општествениот, политичкиот и економскиот развој во едно општество. На меѓународниот ден против корупција ги прашавме штипјани дали според нив во државата е корумпирана, и кои се начините да се намали митото и корупцијата. Сите согласни дека корупцијата е застапена и дека тешко може да се искорени.
„100% има корупција, не малку. Нема да се намале корупција тука, никогаш нема да се намали. Досега јас сум немала такво искуство, кај лекар на пример, а јас сум понудувала чисто од срце од благодарност, нудила сум ама не се сакале да земат. На државно ниво и како што слушам по медиумите има голема корупција“
Меѓународниот ден за борба против корупцијата е ден кога владите, стопанството, граѓанските организации и целото општество треба да ја потврдат својата посветеност да работат заедно за да стават крај на разорното влијание на корупцијата врз животите на луѓето- напиша вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски на својот фејсбук профил.
Корупцијата е закана за функционирањетo на системот, владеењето на правото, за буџетот, за економскиот развој и најважно, за животниот стандард на граѓаните во секоја држава.
Да ставиме крај на корупцијата! Да создадеме подобро утре за сите нас. Да го симнеме превезот на тајноста и да ги расветлиме криминалните дејности! Само така ќе има правда!
Сега се е јавно! Корупцијата не се исплати!
Твое право, твоја должност: Кажи НЕ за корупција! – напиша Николовски.
Според индексот на корупција последен пат Македонија беше рангирана на високото 111 место.
Лаура Стојанова М-Нет