
Незапишан Гинисов рекорд: Штипјани со фичиња го искачија највисокиот врв во Словенија, Триглав. Врв, кој се издигнува на 2.864 метри надморска висина, имаше свои покорители, но никој досега не успеал да го достигне со фиче. Тие 8 километри планинска патека беа предизвик за секој автомобил, но штипјаните, со својот верно фиче, ја совладаа патеката за само два часа.
,,Ние сме први со фиче, кој е успеал да се каче горе на Триглав. Тоа е некаде околу 8 километри и ги возевме некаде околу два часа. Неописливо доживување е тоа, значи да се качеш горе и да ти кажат дека сте први што сте дошле со фиче, а никој не успеал да се качи, други возила нормално да , ама со фиче никој. Таму имавме добар дочек.“, рече Каров
Но ова не е само приказна за планински подвиг. Истите тие штипјани, и покрај тоа што работат во Германија, никогаш не го оставиле фичето. Напротив, одејќи таму, го носат со себе како симбол на своите корени, за да го покажат на Германците кои често ги враќаат на старите времиња
Штипјаните покажаа дека љубовта кон историјата и традицијата е вечна. Секое патување со фичото не е само авантура на патот, туку и патување во минатото. А нивниот подвиг на Триглав ќе остане како доказ дека дури и старите автомобили ја имаат силата да се искачат на највисоки врвови, и да остават траен белег на историски места.
Иван Митев, М-Нет