
Од денеска официјално започнува грејната сезона. Со повисоки цени на дрвата за огрев, електричната енергија, како и пелетите граѓаните треба да ја преживеат зимата. На терен ги прашавме штипјани дали се подготвени за прртстојната грејна сезона. Најголем дел од анкеираните велат дека се снабдиле со оргевно дрво, некој уште од претходната година, други си носат сами од планина, а останатите ќе се греат на струја. Но согласни се дека ќе се штеди и дека зимата ќе биде тешка.
Истовремено и од државниот врв денеска истакнаа дека граѓаните не треба да паничат, односно парно ќе има до крајот на грејната сезона.
Лаура Стојанова М-Нет