Штипјани и годинава ќе се вакцинираат со сезонска вакцина, целта е да заштитат од грип

Како и останаите години и годинава граѓаните на Штип ќе се вакцинираат со сезонската вакцина. Велат дека секоја година тие ја примаат ваквата вакцина се со цел да се заштитат од разни болести, но и да останат безбедни во целата предстојна зима. Анкетирантие препорачаа на сите лица да се вакцинираат, имајќи во предвид послабиот имонитетот на повозрасните.

„Да, тоа ќе се вакцинираме. Ме прашаа и јас и реков дека ќе се вакцинирам.“, додаваат граѓаните

Во согласност со ситацијата, од страна на Министерството за здравство набавени се 70 илјади дози вакцини кои се достапни за граѓаните, а целта е да се заштитат од сезонскиот грип прстојниот период. Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција, која спречува појава на потешки форми на грип, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи.

Лаура Стојанова, М-Нет