Ставањето зелка во буре е неизоставен дел кај штипјани, до почетокот на зимата таа ќе биде стасана

Во екот на сезоната за подготовка на зимница е и ставањето на зелка во буре. Се приготвува на лесен и едноставен начин, но важен е начинот на кј што таа се припрема, велат граѓаните на Штип. Според нив, од кога ќе се очисти зелката од кочанот, важно е таа да стои два до ри дена само во сол, а одпосле да се достави чиста вода која обично тие ја полнат од природни чешми, се со цел и зелката и расолницата бидат вкусни.

“Треба да се очисти, да се олупи прво од надвор тие што се гадните листови, кочанот се изврте со остар нож шпицест и се наполни со сол. Од кога ќе се стави, пожелно е да се стави природна вода нехлорисана. Сега има два вида на зелки. Таа што е холандската сорта, зимска зелка, ребрестата, таа се скапе, а додека старото семе на зелка белата што е, таа е издржлива и истата е вкусна и за јадење, но и за да во зимото се направи сарма од неа.“, велат граѓаните

Повозрасните домакинки велат дека од киселата зелка тие подготвуваат обична и растурена сарма, подварок, но многу често и мезе во кое ставаат зејтин и малку црвен пипер, па како што велат тие со ваква салата оди и добра раќија со која се назначува и самата зима.

“Па сарма, растурена сарма, подварок. Убаво е, ставам малку и зејтинче, црвено пиперче.“, додаваат граѓаните

Инаку, Старите велат за зелката да стаса најубаво се става околу Митровден, а ако времето е топло, може и подоцна. При преточувањето домакинките велат дека водата треба да е бистра. Ако почне да се заматува тоа е знак дека нема доволно сол, па затоа треба да се додаде уште сол.

Лаура Стојанова, М-Нет