
Утре се играат седум од осум натпревари во Втората лига во рамки на последното есенско коло, Фудбалската федерација на Македонија ги делегираше судиите кои ќе делат правда на мечевите.
Штипјанецот Крумислав Ѓоргиев ќе им суди на Големо Коњари и Охрид, Марјан Дејаноски ќе биде главен судија во Виница каде ќе се соочат Слога и Охрид.
Ндерим Тефику ќе биде задолжен за правдата на средбата со Шкендија Арачиново и Каменица Саса, Стојанче Трпчевски ќе дели правда на Градскиот стадион во Кочани каде ќе се соочат Осогово и Новаци меч кој ќе го следите на М Нет телевизија, а пак Александар Василевски го доби мечот во Прилеп каде ќе биде главен судија на средбата меѓу Победа и Брегалница.
Никола Петковски ќе им суди на Кожуф и Вардар Неготино, Јордан Јовановски на Беласица и Преспа, а пак Игор Иванов ќе им суди на Детонит Плачковица и Скопје, меч кој е одложен за среда (3 декември).
Сите натпревари ќе започнат во 13 часот.
Александар Ванев, М-Нет