Од денеска започнува Божиќниот пост и ќе трае 40 дена до празникот Божиќ

Од денеска започнуваат Божиќните пости и ќе траат до Божиќ. Овие постои се во редот на поблаги пости, а согласно типикот одредено е кој денови е дозволено масло и риба. Овој период освен воздржувањето од храна потребно е постите да се започнат смирено, со молитва и верба во Бога.

„Овие постои спаѓаат во редот на поблаги пости каде е дозволено сабота и недела да се консумира риба, среда и петок се денови без масло. Останатите денови се со масло. Се порачува постите да се почнат смирено и душата наша да ја принесуваме кон Бога“ – вели Јанев.

Од црквата посочуваат дека постот значи воздржување од мрсна храна, ама и исповед, со цел постот да биде правилен во целост.

Овој пост трае 40 дена се до големиот христијански празник Божиќ.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет