Штипјанецот Дарко Денков се раздели со Детонит Плачковица!

Штипјанецот Дарко Денков повеќе нема да биде дел од стручниот штаб на ФК Детонит Плачковица, каде што ја извршуваше функцијата тренер на голманите. Денков преку соопштение ја потврди разделбата со клубот од Радовиш, нагласувајќи дека таа е договорена спогодбено, со меѓусебно почитување и благодарност за досегашната соработка.
Денков упати благодарност до сите со кои соработуваше во клубот, посебно до стручниот штаб, управата, фудбалерите и навивачите, за укажаната доверба, поддршката и заедничките моменти во периодот поминат во Детонит Плачковица.

„Со клубот се разделуваме спогодбено, со меѓусебно почитување и благодарност за досегашната соработка“, истакна Денков во своето обраќање.Штипјанецот на заминување му посака многу успеси и среќа на клубот во понатамошната работа, ставајќи точка на својата епизода во стручниот штаб на радовишкиот второлигаш.

Засега нема дополнителни информации за неговиот следен професионален ангажман.