Штипјанецот Влатко Костов е тренер на Пелистер

Штипскиот стратег Влатко Костов е нов шеф на стручниот штаб на битолски Пелистер.

Пелистер добива големо име на тренерското столче во сезона во која битолчани ќе атакуваат на местата кои директно водат во Првата лига.

“Пелистер денес постигна договор со Влатко Костов еден од најеминентните тренери во Македонија. Човек кој го носел овој дрес на ФК Пелистер знае што значи ФК Пелистер во Македонија. Со самото негово назначување ги покажуваме своите амбиции а тое е ПМФЛ”, рече Митко Стојковски, претседател на Пелистер.

“Мене ми е чест што ја добив довербата од клуб каков што е ФК Пелистер и луѓето што го водат клубот. Заедничка цел ни е ПМФЛ и од првиот ден ќе работиме на тоа”, рече новиот тренер Влатко Костов.

Пелистер лани не успеа да се врати во “елитата” откако заврши на 4. место.