
Македонскиот фудбалер Ване Јованов кариерата ја продолжува во Унгарија, откако го засили тимот на Нирегихаза. Штипјанецот во унгарскиот тим доаѓа од хрватскиот Вараждин, кој беше негов прв странски ангажман.
27-годишникот својата кариера ја започна во штипска Брегалница, беше дел и од Брера Струмица, настапувае и за Вардар, Каменица Саса и Победа.
Второлигашот Охрид промовираше две нови засилување на патот кон влез во Првата македонска фудбалска лига. Нови имиња на Охрид се Дарко Илиески и Абдулхади Јахја.
Илиески доаѓа од редовите на Тиквеш, има околу 200 настапи во ПМФЛ, а настапуваше и за Победа, Ширак од Арменија, Борец, Шкупи, Пелистер, Копер од Словенија, Струга, Шкупи, Истиклол од Таџикистан и Билис од Албанија.
Јахја пак има околу 150 настапи во фудбалската елита на Македонија, низ неговата кариера беше дел од Башкими од каде доаѓа и во Охрид, а беше дел и од Струга и Воска.
Охрид е лидер во ВМФЛ, а пролетниот дел го отвара против Беласица во Струмица.
Двајца македонски фудбалери кариерата ја продолжуваат во албанскиот шампионат, откако беа промовирани во дресот на Билис.
Диме Димов во албанскиот тим пристигна од редовите на индонезиската Персебаја, а 31-годишникот има богата кариера на настапи и за Локомотив Софија од Бугарија, како и за Металург, Плачковица, Кожуф, Гостивар и Хоризонт Турново, а во Академија Пандев се задржа најдолго каде беше и капитен и ја освои Куп титулата во сезона 2018/2019.
Покрај Димов, во Билис пристигна и Ѓорги Стоилов, кој доаѓа од тимот на Македонија ЃП. 30-годишниот фудбал има акумулирано искуство со настапи за Хоризонт Турново, Академија Пандев, Шкупи и Македонија ЃП во домашниот шампионат, а во странство кариерата градеше во Азербејџан за екипата на Зира.
Александар Ванев, М-Нет