
Eден од најдобрите млади офанзивци во Првата македонска фудбалска лига, штипјанецот Ване Крстевски кој е актуелен младински репрезентативец и довчерашен член на Брера Струмица прави трансфер во екипата на Шкендија од Тетово.
Крстевски беше член на Брера Струмица повеќе од 6 години, а потекнува од школата на Академија Постолов-Пандев од Штип каде што ги направи првите почетоци од неговата фудбалска кариера.
Прв тренер на Крстевски му беше Борче Постолов, тренер кој моментално сега е координатор на младинската школа на Брера Струмица.
Шкендија за Крстевски ќе плати обештетување повеќе од 100.000 евра.
Покрај овој трансфер во Брера Струмица каде што многу се вложува во младите категории и други деца се интересни на фудбалскиот пазар, па не се исклучува можноста во следниот период да има и други трансфери на млади фудбалери.
Актуелниот репрезентативец на Македонија до 21 година ќе биде провиран во следните денови како нов играч на Шкендија.

Александар Ванев, М-Нет