Од Штип, до Скопје, преку Шпанија до Германија – вака накратко може да се опише патот на штипјанецот Бојан Мицев, кој веќе долги години работи како танчер кој се занимава со современ танц. Пред штипската публика се враќа по пет години, па пред камерата на М-Нет Телевизија зборуваше за успесите кои во последниве години ги постигнал во Германија. Вели, најголем пропуст кај нас е што танчерите сѐ уште немаат работна позиција и тоа е нешто за што институциите веќе треба да размислуваат.
„Танцовата сцена, односно балетската сцена, дефинитивно има голема разлика од Германија и овде, затоа што во Германија државата и институциите вложуваат многу повеќе во однос на танцот и танцот е многу повеќе промовиран во однос кај нас, во Македонија. Во Германија во секој театар постои оддел за современ танц, има танцова компанија, додека кај нас ние сѐ уште немаме формирано државна компанија за танц и сѐ уште тоа е пропуст“, вели Мицев.
Можност за едукација и работа имал и во Шпанија, која ја оценува како земја слична на нашата. Меѓутоа, помеѓу Шпанија и Германија, ја избира земјата во која сега работи и постигнува успеси.
„Шпанија многу ми се допаѓа како држава, бидејќи е многу послична на нашата, на Македонија. Карактерот, менталитетот на луѓето е многу поблизок до нашиот, додека Германија, од друга страна, во однос на правилности и во однос на организација е многу понапредна во однос на тоа. Се знае што е ред, се знае што е правила, така што во однос на работа и сигурност Германија е многу подобра земја“, посочува Мицев.
Сепак, Мицев смета дека и кај нас не е сѐ така црно, односно работите се придвижуваат. Во Германија има можност да работи со интернационални танчери, кои се од земји како Италија и Франција, па споредувајќи ја својата едукација со нивната, вели дека колку е важно професорот да пренесе знаење, уште повеќе е важна заложбата на самиот студент. И покрај тоа, во однос на нашата едукација вели дека треба да сме поевропски ориентирани.
„Едукацијата колку е важно да ја пренесе професорот, исто така е важно и студентот да се вложи. Мислам дека едукативниот процес е заемна соработка и сметам дека доколку студентот има мотивација да научи нешто и доколку истата мотивација се врати назад, ќе се постигнат многу успешни резултати. На мое огромно задоволство јас успеав да излезам надвор и да застанам рамо до рамо со сите европски танчери и да се борам да си го задржам местото во групата, така што сум среќен за тоа што се случува моментално и за местото каде што сум сега сум многу благодарен, бидејќи многу е тешко да се излезе надвор од Македонија“, заклучува Мицев.
Мицев во моментов работи во Танц Компанијата во Оснабрук и вели дека е задоволен од условите, програмата која вклучува над 60 претстави на годишно ниво и искуството со кое се стекнува таму.

Изјава 6102 од 00:44 (танцовата) до 01:15 (пропуст), Бојан Мицев, балетски танчер
„Танцовата сцена, односно балетската сцена, дефинитивно има голема разлика од Германија и овде, затоа што во Германија државата и институциите вложуваат многу повеќе во однос на танцот и танцот е многу повеќе промовиран во однос кај нас, во Македонија. Во Германија во секој театар постои оддел за современ танц, има танцова компанија, додека кај нас ние сѐ уште немаме формирано државна компанија за танц и сѐ уште тоа е пропуст“, вели Мицев.
Можност за едукација и работа имал и во Шпанија, која ја оценува како земја слична на нашата. Меѓутоа, помеѓу Шпанија и Германија, ја избира земјата во која сега работи и постигнува успеси.
Изјава од 03:20 (шпанија) до 03:47 (земја)
„Шпанија многу ми се допаѓа како држава, бидејќи е многу послична на нашата, на Македонија. Карактерот, менталитетот на луѓето е многу поблизок до нашиот, додека Германија, од друга страна, во однос на правилности и во однос на организација е многу понапредна во однос на тоа. Се знае што е ред, се знае што е правила, така што во однос на работа и сигурност Германија е многу подобра земја“, посочува Мицев.
Сепак, Мицев смета дека и кај нас не е сѐ така црно, односно работите се придвижуваат. Во Германија има можност да работи со интернационални танчери, кои се од земји како Италија и Франција, па споредувајќи ја својата едукација со нивната, вели дека колку е важно професорот да пренесе знаење, уште повеќе е важна заложбата на самиот студент. И покрај тоа, во однос на нашата едукација вели дека треба да сме поевропски ориентирани.
Изјава од 04:46 (едукацијата) до 05:37 (Македонија)
„Едукацијата колку е важно да ја пренесе професорот, исто така е важно и студентот да се вложи. Мислам дека едукативниот процес е заемна соработка и сметам дека доколку студентот има мотивација да научи нешто и доколку истата мотивација се врати назад, ќе се постигнат многу успешни резултати. На мое огромно задоволство јас успеав да излезам надвор и да застанам рамо до рамо со сите европски танчери и да се борам да си го задржам местото во групата, така што сум среќен за тоа што се случува моментално и за местото каде што сум сега сум многу благодарен, бидејќи многу е тешко да се излезе надвор од Македонија“, заклучува Мицев.
Мицев во моментов работи во Танц Компанијата во Оснабрук и вели дека е задоволен од условите, програмата која вклучува над 60 претстави на годишно ниво и искуството со кое се стекнува таму.
Ребека Спасова М-Нет