
Штипјанецот Александар Трајковски 17 година по ред донира пакети со храна за подготовка на бадниковата трпеза и божиќниот ручек. По смртта на неговата сопруга тој одлучува секоја година додека е жив и е во можност да донира пакети со храна со цел ранливите категории семесјтва да можат достоинствено да ги пречекаат празниците.
„Поводот беше, на 28 декември си почина мојата сопруга. И јас одлучив за Бадник да донирам пакети. Соберат се луѓето, да имаат да си подготват трпеза.“ – вели Трајковски.
Донациите се сосотојат од намиирници кои се доволни за да се подготви една скромна бадникова вечера и божиќен ручек. Шест штипски семесјтва добија донации како и годините претходно. Во оваа прилика се упати апел до сите хумани граѓани кои се во можност да донираат за сите да можат достоинствено да ги дочекаат празниците.
„Традиционално 17 година по ред нашиот хуман сограѓанин овозможуува достоинствена празнична трпеза за шест штипски семејства. Донацијата се состои од намирници за подготовка на бадниковата трпеза и божиќниот ручек. Ова нека биде уште еден позитивен пример за сите наши останати хумани граѓани.“ – вели Димитрова.
Донациите пред празниците се повеќе од значајни бидејќи на ваков начин се овозможува Бадник и Божиќ да се дочекаат во една празнича атмосфера.
Лаура Стојанова М-Нет