Со погача, песна и дружба и годинава се запалија Коледарските огнови пред Бадник

Традиционално и оваа година на ден пред Бадник се запалија Коледарските огнови. Граѓаните собрани во голем број, и годинва се потсетија на старите обичаи. Со погача, ракија или вино, музика и дружба во секоја населба во Штип се запали Коледарскиот оган.

„Се собираме традиционално секоја година. Коледе е традиција која со години наназад се случува секоја година. Се надевам дека таа традиција ќе ја задржиме и во наредниот период.“ – велат граѓаните.

Старата традиција која е предвесник на Бадник граѓаните ја практикуваат како зближување за време на празниците. Според старите верувања коледарскиот оган се пали за коледарите да се стоплат пред одењето од врата на врата кога го навестуваат Христовото раѓање.

Граѓаните очекуваат ваквата традиција со палење на Коледарските огнови со што се навестува Христовото раѓање треба да продолжи да се практикува и во годините кои следат.

Лаура Стојанова М-Нет