Штипјанец физички нападнат на улица

На 09.02.2021 во 14.26 часот во СВР Штип, Љ.З.(63) од Штип пријавил дека  околу 14.10 часот на ул.„Иво Лола Рибар“ во Штип  бил физички нападнат од А.Ј.(54) од Штип. Со А.Ј. бил извршен разговор во Полициската станица Штип и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.