Штипјанец крадел од паркирани товарни вагони во Градско

На 07.03.2022 во 20.00 часот на ул.Александар Македонски кај железничката пруга во Градско од страна на полициски службеници од ПК Градско бил лишен од слобода Д.И (22) од Штип. Тој се сомничи дека извршил „тешка кражба“ од паркираните товарни вагони, сопственост на АД „Македонски железници“. Д.И. е приведен во полициска станица и  по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.