Штипското средно текстилно училиште се стекна со второ место награда за најдобра модна ревија

Со освоено второ место награда за најдобра модна ревија, се вратија средношколците на штипското СОУ Димитар Мирсачиев од натпреварот кој се оддржа во Кавадарци. Директорката Марина Варадиновска пред медиумите истакна посебна благодарност до учениците и професорите за нивните изработки и како што рече ова е мотив за нови досигања и успеси во иднина.

,,Се претстави на образовното рандевну на младинска асоцијација на средни стручни училишта во Р.Македонја. Нашето училиште се стекна со освоено второ место за најдобро организирана модна ревија . Нашето училиште исто така учествуваше во повеке кантегории. Освоеното второ место на државен натпревар на младинска асоцијација на средни стурчни училишта во Македонија во кое што нашето ученици не себично ја покажаа својата креативност и вештина во самиот процес на образование.“, рече Варадиновска

И не само професорите и средношколците беа радосни за достигнатиот успех. За медиумитите истакнуваат голема благодарност до нивните ментори за целата помошта и целиот труд.

Инаку, настанот се оддржа на 23 и 24 април во градот Кавардарци, натпревар кој се оддржува неколку години на државно ниво.

Иван Митев, М-Нет