Штипските училишта редовно спроведуваат симулациски вежби за пожар, во наредниот период ќе има и предавања

Сите основни и средни училишта на територија на Штип ги имаат потребните докумнети за проценка на ризик од природни непогодби. Во изминатите четири години редовно се правени симулациски вежби за земјотрес и пожар, со што се покажува на учениците како да реагираат при еветуална појава на катастрофа.

„Во однос на тоа дали се правени вежби, треба да се каже дека во изминатиов период во овие четири години сите основни и средни училишта имаат направено такви вежби. Работодавачите на секои две години имаат обврска да направат вакви вежби за симулација.“ – вели Санева.

Во месец јануари годинава симулациска вежба за пожар беше спроведена во штипската гимназија „Славчо Стојменски“, а во наредниот период ќе се спроведе и во средното текстилно и средното медицинско училиште.

„СОУ „Коле Нехтенин“ има направено таква симулација на пожар во 2022, во 2024 година симулација на земјотрес. Во штипската гимназија ваква вежба е направена во јануари годинава, во „Димитар Мирасчиев“ во 2022 година е направена симулација за пожар, а во 2023 година е направена проверка на ПП апаратите. Во „Јане Сандански“ ваква вежба е направена во 2022 година“ – додава Санева.

Добра е сосотојбата и кога се во прашање основните училишта. Согласно програмата за работа еднаш во две години се прават симулациски вежби кои се од различен карактер, однонсо симулираат земјотрес или пожар.

И во двете детски градинки на територија на Штип е направена инспекција од страна на Министерството за социјална економија и е утрврдено дека градинките ги поседуваат сите документи. Во наредниот период се планирани вежби, како и предавања од страна на ТППЕ Штип во сите училишта.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет