
Продолжува борбата за на водечката четворка за влез во кошаркарската елита на Македонија, а веќе овој викенд ќе се играт мечевите од шестото коло на плеј-офот и плеј-аутот во Првата лига.
Во сабота со почеток од 14 часот се игра скопско дерби меѓу Вардар и Бутел, а во меч дека „бутелци“ ќе важат за фаворити на патот кон уште една победа.
Од водечката четворка потешка задача ќе има тимот на Соколи, бидејќи кошаркарите ги очекува незгодно гостување во Прилеп кај тимот на Мега Баскет, а стартот на овој меч од 17 часот.
Во недела тимот на Водно Санс ќе игра против Струмица, во меч каде струмичани се фавори за нови бодови, додека пак Борец Баскет ќе гостува кај Охрид во салата „Билјанини Извори“.
Во плеј-аутот ќе биде рутина бидејќи веќе се е јасно – Ролинг во Струмица ќе игра со Младинец, а пак Овче Поле против Тетекс, Спортисимо кој веќе испадна и од следната сезона ќе игра во Аматерската лига која е Трета по ранг на натпреварување ќе се соочи со Црн Дрим.
Александар Ванев, М-Нет