
Изминатиот викенд борачи од боречкиот клуб Олимпија од Штип настапија на Меѓународниот турнир „Победник“ во Белград, Србија, каде освоија седум медали, од кои три златни, два сребрени и два бронзени.
„Викендот настапивме на Меѓународниот турнир „Трофеј Победник“ кој што се одржа во Белград, ова е последен турнир за оваа година кој што го крунисавме со пехар, каде што го освоивме екипно првото место. Сега следуваат подготовки односно период на подготовки каде што првиот дел ќе го поминеме во Штип, а вториот се очекува да видеме дали ќе отидеме на некои висински припреми и слично. За крај на оваа година сакам да им се заблагодариме на сите пријателски клубови кој што 2024 година имавме одлична соработка, пред се со клубовите од Србија, Бугарија, Грција и Косово. Се надеваме на уште поуспешна и поплодна со медали 2025 година“, вели Тодев.
На турнирот покрај екипи од Србија и Македонија, учествуваа екипи од Словачка, Грција, Бугарија, Босна и Херцеговина, Црна Гора.
„На „Трофеј Победник“ настапивме со 13 борачи и борачки вкупно со кој што екипно освоивме прво место. На турнирот настапија клубови од Словачка, Србија, Бугарија, Македонија исто така имаше четири до пет клубови. Црвена Ѕвезда е клубот кој што има со нас со боречкиот клуб Олимпија соработка веќе пет – шест години и ова е само плод на успешна соработка каде што спортот не познава граници, соработката и пријателствата остануваат вечни“, додава Тодев.
Стефан Зашков во категорија до 74 килограми, младинци, освои златен медал.
„Се натпреварував на Меѓународниот турнир во Белград каде што го освои првото место со четири победени борби, од каде што три беа со 10:0 и технички туш, а едната беше 13:3 со технички туш победена“, вели Зашков.
Александар Миланов настапи во младинци до 79 килограми и го освои златниот медал.
„Овој викенд настапив во Србија на Меѓународниот турнир „Трофеј Победник“ каде што настапив во категорија до 79 килограми во У-20 младинска категорија, таму го освои првото место со две борби. Првата борба ја победив со технички туш 13:3, втората борба односно финалето го победив со туш. Задоволен сум од настапот и од организацијата на турнирот, исто така сега во следниот период не очекуваат многу подготовки каде што ќе се подготвуваме за наредната година односно за 2025 година каде што ќе имаме многу државни првенства.“
Леон Стојанов исто така учествуваше на овој турнир во категорија кадети со 71 килограм каде го освои златниот медал.
„Се борев во Белград, Србија, земав прво место на У-17, 71 килограм. Ова ми е четврта година по ред како земам прво место во Белград. Имав четири победи, се борев со Грција, Србија и Македонија.“
На овој турнир Даниел Манов во категорија сениори до 74 килограми го освои сребрениот медал, Петар Тодев во сениори до 92 килограми го освои сребрениот медал, Александар Марковски во младинци до 97 килограми го освои бронзениот медал, а пак Кире Малчев во сениори до 125 килограми го освои бронзениот медал.
Александар Ванев, М-Нет