Штипскиот затвор од денес и во наредните 14 дена целосно е затворен за јавноста

Оваа институција забрани посета  на сите осудени лица со цел да се превенира евентуалното ширење на  коронавирусот.Директорот на Затвор-Штип, Мики Тодоров За М нет ја потврди информацијата  за уште еден случај на заразен со вирусот во оваа установа. Предходниот пат се работеше за вработен а сега  за едно осудено лице. Првичните претпоставки се дека затвореникот се заразил откако користел викенд отсувство.

Во Штипскиот затвор се превземени сите  заштитни мерки. Во оваа институција се применуваат построги здравствени протоколи дезо бариери, дезинфекција на раце и мерење на температура на сите штитеници, но по појавата на овој позитивен случај  во изолација се ставени  околу 11 други лица.

Овој казнено поправен дом постојано се практикуваат ситезаштитни мерки и осудените лица, кои се ставени во изолација се наоѓаат во посебна просторија. Извршена е и дезинфекција на Затворот, а заразеното осудено лице било сместено во полуотвореното одделение.

Маре Стојилова М нет

Игор Зиврев М нет