Штипскиот градоначалник Јорданов оствари средба со амбасадорката на Украина за унапредување на соработката


Амбасадорката на Украина , нејзина екселенција г-ѓа Лариса Дир , денеска беше во посета на Општина Штип, каде оствари средба со градоначалникот Иван Јорданов.

На средбата се разговараше за можностите за унапредување на соработката во повеќе области, меѓу кои економијата, културата, науката и образованието. Беше отворено и прашањето за можни збратимувања со украински градови, како и за соработка во искористувањето на термалните извори.

Од двете страни беше изразена подготвеност за продлабочување на соработката, при што во наредниот период се очекува конкретизирање на заедничките активности меѓу Општина Штип и Украина.

Иван Митев, М-Нет