Штипски Текстилец домаќин на Преспа Вардар, Еурофарм Пелистер 2 гостува кај Овче Поле

ФОТО: Александар Ванев, Телевизија М Нет

Овој викенд ќе се одиграат натпревари од второто коло на Првата ракометна лига.

Во рамки на групата А екипата на Овче Поле на домашен терен ќе се соочи со фаворитот Еурофарм Пелистер 2 кој во новата сезона сака експресно враќање во Суперлигата.

Соочување на ланските суперлигаши Мулти Есенс и Аеродром, Метарлуг РА на домашен терен ќе игра со Јехона, а пак Кичево ќе го пречека тимот на Астраион од Струмица.

Во рамки на групата Б Партизан на домашен терен ќе игра со Македонија ЃП, Драчево ќе се соочи со Шампион, штипски Текстилец дома ќе игра со Преспа Вардар, а свое соочување ќе имаат ланските суперлигаши Скопје и Вардар Неготино.

Во рамки на оваа рунда екипата на Младост од Богданци ќе биде слободна.

Александар Ванев, М-Нет