Штипски Соколи гостува кај Охрид, мега-дерби на Ангели и Црн Дрим

Овој викенд ќе бидат одиграни натпреварите од 15. коло на Втората кошаркарска лига на Македонија, а во рамки на истото лидерот на табелата, екипата на Соколи од Штип ќе гостува кај ланскиот прволигаш Охрид, во меч каде штипјани ќе бидат фаворити за нов триумф.

Екипата на Соколи максимално подготвена оди на ова гостување, каде како единствена цел гледа само нов триумф.

Мега-дерби меѓу директните конкуренти за Прва лига, Ангели против Црн Дрим од Струга, во соочување кое ќе се игра во Скопје. Двете екипи претендираат за пласман во Првата кошаркарска лига, а тежината на овој меч е многу голема, па психолошки притисок ќе има и кај едните и кај другите.

Мега Баскет на домаешн терен ќе игра против екипата на Водно Санс каде домаќинот ќе биде со фаворитска улога пред се и поради домашниот терен и публиката. Маџари како апсолутен фаворит на домашен терен ќе се соочи со Струмица, домаќинот има значително засилен тим и целта на тимот е промоција во кошаркарската елита.

Борец Баскет на домашен терен како фаворит ќе го пречека вториот тим на МЗТ Скопје.

За натпреварот меѓу Бутел и Работнички 2018 нема делегирано официјални лица, останува да видиме каков ќе биде исходот од истиот.

Александар Ванев, М-Нет