
Во рамки на 5. коло од Првата женска одбојкарска лига екипата на Младост УГД од Штип го претрпе четвртиот сезонски пораз, откако загуби од екипата на Фит Фан Волеј со 3:1 по сетови.
Во првиот сет штипските одбојкарки прикажаа одлична игра и сетот го добија со високи 14:25. Во вториот сет домашниот тим веднаш врати со сличен резултат, откако сетот го доби со 25:16 за 1:1 во сетови.
Третиот сет одново го доби домашниот тим со 25:20, а веќе во четвртиот сет Фит Фан Волеј беше далeку поубедлив со резултат од 25:15 со што тимот дојде до втора сезонска радост, додека пак штипскиот клуб ја запиша четвртиот сезонски пораз.
Во однос на останатите натпреварите Ускана Волеј дома беше поразена од Јанта Волеј КВ со 0:3, Работнички се намачи со Наковски Волеј за триумф од 3:2 во сетови, а пак Струмица дома беше поразена од Вардар ЕМ со 0:3.
Во однос на табелата Работнички е лидер со 14 бодови колку што има и Јанта Волеј КВ која е втора. Наковски Волеј е трет со 11 бодови, Фит Фан Волеј е на 4. место на табелата со осум бодови, на петтото место е Вардар ЕМ со пет бодови. На шесттото место е екипата на Младост УГД од Штип со три бодови, колку што има и Струмица која е седма, а на дното односно на последното осмо место е Ускана Волеј со два бодови.
Александар Ванев, М-Нет