
По претходно добиени оперативни сознанија полициски службеници од криминалистичката полиција од СВР Штип во содејство со полициски службеници од Полициската станица Штип, изминатата недела расветлиja 8 кривични дела извршени на подрачјето на Полициската станица Штип, од кои: едно „силување“, едно „предизвикување општа опасност“, една „кражба“, една „тешка кражба на дрзок начин“ и четири “тешки кражби“ и тоа две од куќи и две од возила.
Осомничени сторители на овие кривични дела се 5 лица на возраст од 16 до 24 години и едно на возраст од 54 години.
СВР Штип работи на целосно комплетирање на случаите по што против сторителите до надлежното обвинителство ќе бидат поднесени кривични пријави.