Штипската полиција расветли осум кривични дела

По претходно добиени оперативни сознанија полициски службеници од криминалистичката полиција од СВР Штип во содејство со полициски службеници од Полициската станица Штип, изминатата недела расветлиja 8 кривични дела извршени на подрачјето на  Полициската станица Штип, од кои: едно „силување“, едно „предизвикување општа опасност“, една „кражба“, една „тешка кражба на дрзок начин“ и четири “тешки кражби“ и тоа две од куќи и две од возила. 

Осомничени сторители на овие кривични дела се 5 лица на возраст од 16 до 24 години и едно на возраст од 54 години.

СВР Штип работи на целосно комплетирање на случаите по што против сторителите до надлежното обвинителство ќе бидат поднесени кривични пријави.