
Од локалната самоуправа на градот штип се веќе загрижени што последните неколку денови позитивните лица на корона вирус доаѓаат од најразвиената индустриска гранка во овој град. Текстилците се најзагрозени и според последните податоци Бочварски кажа дека имал средба со сопственичката структура на конфекцијата како и со испекциските служби кои направиле надзор и покажал дека нема прекршување на законите, прописите за носење на заштитната опрема кај работниците.
Денеска имаме четири нови случаи на заразени текстилни работнички инаку вкупно пет,додека во текот на изминатите неколку дена имаше две што значи дека треба да биде вклучен алармот во овој дел. Разговарав со сопственикот на оваа фирма но и со инспекциските служби кои извршиле надзор со кој е констатирано дека не се прекршени правилата за носење на заштитна опрема. Сопственикот ме информираше дека ќе ја затвори компанијата во овој нареден период од недела дена а ако биде потребно и подолго со цел да се испитаат сите вработени и да се провери од каде доаѓа целата оваа пандемија во таа фирма влегувањето на вирусот.
Тротоари, улици сите јавни површини продолжуваат со дезинфекција од страна на јавните претпријатија, газдите на погони редовно да имаат на располагање заштитна опрема за вработените и редовно да се дезинфицираат халите и автобусите каде има сконцентрирано поголема маса на работници.
Ние како општина ќе продолжиме со нашите мерки за превенција со дезинфекција на улиците, стамбените влезови апелирав во текот на вчерашниот ден да бизнис секторот преку сопствениците продолжи со дезинфекција на погоните и автобусите со кои што се превезуваат работниците и на крајот третата страна а тоа се граѓаните да бидат крајно внимателни бидејќи разлабавувањето на мерките не значи и непочитување на сите препораки кои што доаѓаат од страна на владата така што сите заедно ќе го победиме вирусот но доколку само една од страните не е на ниво на задачата навистина ќе имаме сериозни проблеми.
Сведоци сме дека постепено се намалуваат ограничувањата и забраните, но тоа не значи дека не треба граѓаните да ги почитуваат препораките од институциите пред се за свое здравје и здравјето на тие што се околу нив.