Штипската бања често се претвора во фризерски салон – боја од коса по плочките, штипјани бараат казни

Штипската бања се почесто се претвора во импровизиран фризерски салон. Наместо место за релаксација и лекување, дел од посетителките таму ги фарбаат косите, а бојата останува на подот и плочките. Иако вработените редовно го чистат просторот, ваквата слика често повторно се појавува. Останатите посетители апелираат да престанат ваквите практики и велат дека Штипската бања е гордост на градот што треба да ја чуваме, а не со несовесно однесување да ја уништуваме.

За да се стави крај на ваквите појави, се поголеми се барањата да се воведат казни за несовесните посетители

Штипјани и натаму апелираат сите посетители да се однесуваат одговорно и внимателно, бидејќи само со промена на старите навики и практики може да се зачува бањата и да се подобри целокупната слика за овој значаен објект.

Иван Митев, М-Нет