Штип ќе добие јавен градски превоз, вети Санев и коалицијата ЛДП – ДОМ

Штип е петтиот град по големина во земјава, центар на Истокот а нема никаква форма на јавен превоз. Кандидатот за градоначалник од редовите на коалицијата ЛДП – ДОМ, Ванчо Санев ја продолжи изборната кампања со ветување дека ќе понуди решение за јавен градски превоз за неколку населби до центарот на градот.

„Повеќето поголеми градови во Македонија имаат јавен превоз, организиран преку јавно претпријатие или концесиски договор со приватни компании. Штип е петтиот град по големина во земјава, центар на Истокот, а нема никаква форма на јавен превоз. Освен што недостатокот на јавен превоз прави ужасен сообраќаен метеж во центарот на градот, во моментов сообрачајот е и голем финансиски товар за граѓаните кои се превезуваат со сопствени возила или такси превоз. Во првата година од мојот мандат како градоначалник ќе понудам решение за јавен градски превоз за населбите Три чешми, Железничка, Балканска, Чардаклија, Караорман, Баби и Сењак до и од центарот на градот“ – истакна Санев.

Ова е зелена агенда, но ова преставува и директно финансиско растеретување на буџетот на граѓаните, додаде Санев.

Лаура Стојанова М-Нет