Штип – сообраќајна инспекција на терен

Од страна на општинскиот сообраќаен инспектор, вработени во ЈП „Стипион 2011“ и СВР Штип, денес се вршеа контроли за непрописното паркирање од страна на возачите во централното градско подрачје. Акцент беше ставен на паркирање на местата наменети за инвалидизирани лица, авто-такси стојалиштата и тротоарите.

-Секојдневни се проблемите со узурпирање на овие паркинг места коишто се наменети за посебна група на корисници, од страна на индивидуални возила – изјави општинскиот сообраќаен инспектор, Оливера Блажева.

Оливера Блажева – општински сообраќаен инспектор

На местото одредено за паркирање во близина на Здравствениот дом „Панче Караѓозов“, беа забележани неколку неправилности.  

-Имаше забележано паркирање од страна на индивидуални возачи на места наменети за авто такси стојалишта, конкретно за оваа локација – рече Блажева.

Во однос на авто такси стојалиштата, Блажева истакна дека со одлука на Совет на Општина Штип има одредено и уредено локации обележани со одреден број на паркинг места.

БИЛЈАНА ПОСТОЛОВА / МНет

Снимател ГОРАН ХРИСТОВСКИ

Монтажа ВИКТОР МИХАЈЛОВСКИ