Медицинска сестра на неонатологија во болницата во Штип – позитивна на коронавирус

Коронавирусот се прошири и на Одделението на неонатологија во штипската Клиничка болница. Епидемиолошките тестови се во тек, до сега е потврдена одлука за изолација на шест медицински лица од ова одделение каде работата продолжува да тече нормално, вели директорот Д-р Ален Георгијев.

-„Двајца доктори, две медицински сестри, болничар и хигиеничарка од ова одделение од денес се во изолација заради конкакт со медицинската сестра позитивна на коронавирус. На одделот за инфективни болести има 19 пациенти и двајца за кои сеуште се чекаат резултатите од корона тестот“ – вели Георгијев.

Од почетокот на епидемијата во оваа здравствена установа десет медицински лица се заразиле, а неколку десетици беа или се во изолација. Освен на инфективното одделение, коронавирусот во штипската болница се појави и на одделот за интерни болести, одделот за физикална медицина и на очното одделение.

Славица Величковска

Горан Христовски