Штип под облаци за пролетта, дожд и заладување од утре

Чадор и јакна пред пролетта, од утре дожд, ветер и ниски температури. Ваквите температури ќе се задржат до крајот на седмицата, што значи дека денот на пролетта Штип ќе го пречека под облаци. Како што истакна синоптичарот Ленче Ризова за М-Нет телевизија, утринските температури наместа ќе бидат и под нулата, но во Штип засега нема такви очекувања. Кажа дека минусни температури се очекуваат во осоговско-малешевскиот регион.

,,Ќе имаме значи во текот на денешниот и утре претпладне локални врнежи од дожд. Од петок и во деновите од викендот ќе имаме променливо облачно време, ќе дува и слаб до умерен, а во петок и повремено засилен ветер од северен правец. Температурите ќе бидат нешто пониски од изминатиот период, што ги имавме, значи имаме опагање на температурите. Пониските температури ќе се задржат до крајот на оваа седмица. Врнежи освен во текот на денешниот ден и утре претпладне, не се очекуваат. Утринските температури наместа ќе бидат и под нулата. Во штипската околина не очекуваме негативни температури “, рече Ризова

Ризова истовремено најави врнежи и во наредната седмица, а температурите се очекуваат да бидат во просекот за овој период од година. Кажа дека и следната седмица не очекува врнежлив период

,,Што се однесува до времето во следната седмица, од сегашните материјали иамем нешто послаби врнежи во првите денови од следната седмица, меѓутоа ќе имаме и врнежлив период и со тоа температури кои што се во просекот за овој период од годината.”, додава Ризова

Со оглед фактот дека во деновите пред нас не очекуваат променливи температури, лекарите алармираат, граѓаните да бидат внимателни. Редовно да ја пијат својата терапија хронично болните лица, да внесуваат доволно течности и да користат здрава исхрана со витамини, се со цел да не дојде до несакани последици.

Иван Митев, М-Нет