
Штип е еден од приоритетите на Владата наредниот период. Со поддршка од таму се инвестира во капитални прокети кои во иднина треба да бидат реалзирани истакна од Штип, Стефан Андоновски, организационен секретар за ОК Штип, вчеравчер при отворањето на нов штаб во населбата Сењак. Како што додаде тој разговаат со граѓаните за да се запознаат со нивните барања за во иднина, но и да видат колку се задоовлни од направеното изминатиот период.
„Десетици, стотици проекти се реализираат во Штип, десетици милиони евра се имплицирани за Штип од страна на Владата. Тоа е затоа што имаме добра општинска администрација. Сега влегуваме во силна реализација на проектите. Тука сме да разговараме со граѓаните за нивните очекувања, нивните ставови за изминатата година.“ – вели Андоновски.
Истовремено се даде поддршка и на актуелиниот градоначаник Иван Јорданов, кој влегува во трка за втор мандат на престојните локани избори.
„Тука сме со една заедничка цел да испратиме една порака на заедништво на сплотеност, стабилност, посветеност, на успех. Очекувам дека во наредниот период Иван Јорданов и неговиот совет дополнително ќе се вложат во развојот на Штип“ – вели Ковачки.
Освен отворањето на новиот месен штаб во населбата Сењак, вчеравечер се посетија и месните комитети во насебата Баби.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет