
Пари нема до крајот на месецот, а штедењето е речиси невозможна мисија. Граѓаните се соочуваат со високи цени и празни паричници. Буџетот едвај стигнува за храна, лекови и сметки, а светскиот ден на штедењето само го потсетува народот на реалноста, тешко се преживува со високите цени.
Но, од друга страна оние кои што и денес заштедуваат, велат дека ако се води есап се се може. Болјер и перални вклучуваат на евтина струја, а греењето е на дрва. Во кафеана речиси никогаш.
,,Ако е оди во кафеана секој ден, може. Ќе заштедеш на евтина електрична енергија, ќе вклучеш и ќе се искапеш.“, велат граѓаните
Иако денес се одбележува Светскиот ден на штедењето, за многумина штедењето останува предизвик во секојдневието. Граѓаните велат дека се обидуваат внимателно да ги планираат трошоците и да се снајдат со она што го имаат. Денот на штедењето е потсетник дека внимателното управување со буџетот, колку и да е тешко, може да донесе поголема сигурност во иднина.
Иван Митев, М-Нет