85 годишен дедо нападнат во двор во Штип, малолетен посинок во Делчево

На 30.10.2025 во 09:30 часот во СВР Штип, Б.К.(85) од Штип пријави дека во двор од семејната куќа бил физички нападнат со тврд предмет од В.К.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Имено во истиот ден во 21:10 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево лишија од слобода 50-годишен маж, по претходна пријава дека околу 19:00 часот во семејниот дом физички го нападнал неговиот 15-годишен посинок. По целосно документирање и на овој случај, ќе следува соодветен поднесок.