
Актуелниот фудбалски шампион Шкупи ги започна подготовките за пролетниот дел од Првата македонска фудбалска лига.
Чаирчани ги започнаа подготовките со една цел – одбрана на шампионска титула во домашното првенство. Момците на Гоце Седлоски на стадионот во Чаир ги стартуваа тренинзите, а засега не се познати плановите за подготовките, односно каде ќе биде одработена главната фаза од истите и кои ќе бидат противниците на „гулабите“ на контролните натпревари преку кои ќе се темпира формата за пролетниот дел.
Шкупи презими на второто место со 34 бодови, три помалку од лидерот Струга Трим Љум, но и меч помалку. Пролетниот дел Шкупи го отвара со големата дерби пресметка против Шкендија на 19. февруари.