
Шкендија лесно се справи со младиот состав на Македонија ЃП и со убедливи 7:2 го доби мечот од 13. коло на Првата лига. По оставките на тренерот на тимот од Ѓорче, Бобан Грнчаров и заминувањето на спортскиот директор на клубот, Александар Бајевски, повратниот во елитата одлучи проти Шкендија да игра со младинци, а причината за тоа останува непозната.
Сепак, повеќе од јасен беше триумфот на шампионот, кој не виде мака за младите фудбалери на Македонија ЃП.
Убедлива победа забележа и Силекс, кој, пак, на домашен терен го декласираше Шкупи со убедливи 5:1. Тимот од Чаир е во голема резултатска криза со само едно реми, а се останато порази и прв кандидат за испаѓање од елитата.
Со овие два натпревари се комплетираше 13. коло, откако Пелистер со 1:0 ја доби Брера Струмица, Вардар со 3:1 славеше над Тиквеш, Башкими со 2:1 го доби Работнички, а Струга Трим Лум беше убедлива над Арсими со 4:0.
Останува уште еден меч да се одигра, а тоа е натпреварот меѓу Шкупи и Шкендија, кој речиси сигурно го добива тимот од Тетово.
Во однос на табелата на врвот е Вардар со 33 бодови, втора е Струга со 32 бодови, а пак Шкендија е трета со 27 бодови, но и меч помалку. Силекс е четврти со 25 бодови, а пак Башкими е петти со 22 бодови.
Брера има 16 бодови и се наоѓа на шестото место, Арсими е седми со 15 бодови, Македонија ЃП е осма со 14 бодови, а пак Тиквеш има 12 бодови за деветто место. Всушност „лавовите“ и тимот од Кавадарци се во бараж зоната за опстанок.
Во зоната за директно испаѓање е Пелистер со 11 бодови како десетти, Работнички е претпоследен со седум бодови, а на дното е Шкупи со еден бод и меч помалку.
Александар Ванев, М-Нет