
На 15 и 16 ноември во Скопје ќе се одржи Меѓународен турнир во ватерполо во Скопје по повод 13 ноември – ослободувањето на Скопје, а истиот ќе се одржува во СЦ „Борис Трајковски“.
Станува збор за турнир на кои ќе настапат шест екипи, три од Македонија и три од Србија, односно тоа се екипите на Вардар, Младост Про Кидс и Локомотива од Македонија, како и српските екипи Расина, Парачин и Наис.
Влезот за сите љубители на ватерполото ќе биде слободен, а натпреварите започнуваат во сабота од 9 часот наутро.
Во сабота со натпреварот меѓу Наис од Ниш и Локомотива од Скопје се отвара овој Меѓународен турнир, а мечот е закажан во 9 часот. 45 минути подоцна започнува натпреварот меѓу Расина од Крушевац и Вардар од Скопје.
Во 10:30 часот се игра натпреварот меѓу Младост Про Кидс од Скопје и Наис од Ниш, а во 11:15 е мечот меѓу Расина од Крушевац и Парачин од Србија.
Свеченото отварање е во 16 часот, а половина час подоцна Вардар ќе се соочи со Парачин, а Локомотива со Младост Про Кидс. Во 18 часот ревијален меч на скопските екипи Вардар и Локомотива од генерација 2013+.
Полуфиналните натпревари се играат во недела од 9 и од 9:45 часот. За петто место натпреварот е закажан во 10:45 часот, а за трето место во11:30 часот.
Големото финале е закажано за во 12:15 часот.