Шкендија од Тетово се раздели со Камер Џака и Егзон Белица

Фудбалскиот клуб Шкендија од Тетово официјално соопшти дека ја прекинува соработката со двајца фудбалери – играчот од средниот ред Камер Џака и дефанзивецот Егзон Белица, по обостран договор.

Камер Џака беше дел од Шкендија во два наврати, при што остави значителен придонес во тимот. Од клубот истакнуваат дека решението за разделба е донесено по „добар и фер дијалог“, со цел Џака да продолжи со кариерата на место каде што ќе има повеќе минути на теренот.

Дефанзивецот Егзон Белица, кој пристигна во тимот минатото лето, исто така се разделува со клубот по заеднички договор. Шкендија го нагласува неговиот професионален однос и посветеност за време на престојот во клубот.

Од Шкендија им заблагодарија на двајцата играчи за придонесот во екипата, професионализмот и трудот вложен во црвено-црниот дрес, посакувајќи им успех во понатамошната кариера.

Клубот нагласува дека продолжува со фокус на домашниот шампионат и европските предизвици, а тренерскиот штаб веќе работи на пронаоѓање нови решенија за пополнување на празнините во ростерот.