
Денес беа одигра два меча од 15. коло на Втората лига, а во кое екипата на Шкендија Арачиново со погодоците на Амир Нухија во првиот дел и голот на Фикрет Љиварека во вториот дел обезбеди победа од 2:0 над Каменица Саса.
Брегалница беше убедлива на гостувањето во Прилеп, каде со 0:4 славеше над Победа.
Хусеин Демири и Давид Калпачки погодија за 0:2 на полувреме, а во вториот дел Дино Михолов и Даријан Тасев ставија печат на триумф од 0:4.
Утре ќе играат Беласица и Преспа, а 15. коло ќе се затвори на 14. февруари со петте одложени меча.
Александар Ванев, М-Нет