
Возбудлив натпревар во Куманово! Шкендија Арачиново обезбеди пласман во осминафиналето на Купот на Македонија откако по изведувањето на пенали ја совлада Каменица Саса. Во регуларниот дел мечот заврши со резултат 1:1, па победникот се решаваше по драматична пенал-серија.
Првото полувреме мина без голови и без многу возбудувања. Во вториот дел Саса прва го отвори резултатот преку Спасовски, а потоа Коцев од редовите на Шкендија доби втор жолт картон и беше исклучен од игра. Сепак, и со играч помалку, тимот од Арачиново успеа да се врати во мечот – искусниот Алији погоди во самиот финиш за 1:1 и го однесе натпреварот во пенал-рулетот.
Во серијата пенали, Шкендија Арачиново беше посмирена и поконцентрирана, успеа да реализира повеќе удари и со тоа заслужено обезбеди место во следната рунда од Купот на Македонија.
Александар Ванев, М-Нет