Шкендија Арачиново мора да направи трансформација во АД за да добие лиценца за настап во Прва лига

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново ќе мора да направи трансформација од здружение на граѓани во акционерско друштво со цел да може да се натпреварува во Прва лига следната сезона, бидејќи во спротивно нема да може да добие лиценца од УЕФА за натпреварување во Првата македонска фудбалска лига.

„Што се однесува до Шкендија Арачиново ние уште минатата недела испративме мејлови до нив и до ФК Скопје дека ФФМ ги информира дека во најбрз можен рок мора да извршат лиценцирање. Тоа е и законска обврска и обврска од УЕФА без која што не може нема теорија ниту еден клуб да игра. Шкендија Арачиново во моментот е здружение на граѓани и како таква не смее да настапува во Прва лига ќе мора согласно законските прописи да извршат трансформација од здружение на граѓани во акционерско друштво со сите услови кои што УЕФА ги бара. Доколку тоа не го спроведат во предвидениот рок односно до денот на ждрепка, првенството ќе започне на 25 јули, а ждрепката ќе биде 7 или 8 дена порано како што е секогаш. До денот на ждрепката доколку не ги завршат сите тие процедури тие нема да имаат лиценца за настап во Прва лига бидејќи не може УЕФА не дозволува клуб кој што нема лиценца да игра во Прва лига“, вели претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.

За настап во Првата македонска фудбалска лига е потребна лиценца, без која УЕФА не дозволвуа клуб да се натпреварува во Прва лига.

„Таму има многу услови, ние им пративме меилот, тој меил ќе ви биде презентиран многу брзо преку ПР службата. Минатата недела ги информиравме ги каниме утре или задутре на состанок, 3 или 4 со телефонски броеви дека им стоиме на располагање за се што е потребно да им асистираме како федерација. Тие не се јавија на двата датуми. Вчера или завчера се јавиле дека денеска ќе дојдат. Дури и во меилот им посочивме да на состанокот покрај раководните луѓе дојдат или правник или адвокат за да правно ги разбере чекорите за да може да им го води процесот. Тие не ни одговорија на тоа минатата недела иако секој ден многу значи за нив, туку мислам дека завчера се јавиле телефонски и кажале дека ќе дојдат денеска, нашата служба ќе им стои на располагање. Тоа што мора да го направат ќе го направат, ние како федерација стоиме на располагање да ги упатиме да им помогнеме. Меѓутоа друго е нешто што тие мора да го направат“, дополни Омерагиќ.

Во следниот период ќе мора Шкендија Арачиново да ги изврши потребни обврски како најглавна трансформација од здружение на граѓани во акционерско друштво за да може да добие лиценца и да игра во Прва лига следната сезона како дебитант.

Александар Ванев, М-Нет