
Новопромовираниот прволигаш Шкендија Арачиново продолжува активно да го комплетира играчкиот кадар за новата сезона. Клубот официјално го претстави Дашмир Елези како свое најново засилување.
Станува збор за младински репрезентативец, напаѓач од кого во Шкендија очекуваат да донесе голови, енергија и дополнителен квалитет во офанзивната линија. Од клубот истакнуваат дека Елези е фудбалер со изразен голгетерски инстинкт и голема желба за успех, кој ќе го даде својот максимум во црвено-црниот дрес.
Во Шкендија веруваат дека новиот напаѓач ќе биде едно од главните офанзивни оружја на тимот и дека со своите настапи ќе им приреди многу причини за славје на навивачите.
Со ангажманот на Дашмир Елези, Шкендија Арачиново продолжува да го засилува составот со цел што поконкурентен настап во дебитантската сезона. Добредојде за новиот голгетер посакаа и од клубот, изразувајќи уверување дека пред него и тимот претстојат успешни предизвици.