Ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток ја крена цената на нафтата над 106 долари

Европските берзански индекси денес се во пораст, а цената на нафтата Брент скокна на повеќе од 106 долари за барел поради ескалацијата на конфликтот меѓу Хутите и Саудиска Арабија, додека во исто време продолжуваат тензиите меѓу Вашингтон и Техеран.

Цената на нафтата Брент за испорака во декември се зголеми за 0,61 процент, на 106,33 долари за барел, додека цената на американската нафта WTI за испорака во ноември се зголеми за 0,63 проценти, на 94,73 долари, објавува CBS.

Според извештајот на „Ал Џезира“, коалицијата предводена од Саудиска Арабија нападнала енергетски терминали и објекти за складирање гориво во Јемен.

Денес, експертите анализираат податоци за трговскиот биланс на Кина и инфлацијата на производителите, германските цени на големо, како и коментарите на претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, а меѓу најважните ќе биде објавата за потрошувачката инфлација во Соединетите Американски Држави, која беше најавена за 14:30 часот.

Текстот Ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток ја крена цената на нафтата над 106 долари е превземен од МАКФАКС.