
Третолигашот Шкендија од Арачиново за новата сезона го претстави првото летно засилување. Станува збор за централниот дефанзивец Борјан Тодоровски, кој доаѓа од редовите на Аеродром, екипа која исто така настапува во Трета лига – Север.
26-годишникот ги има поминато младинските категории на Вардар, потоа насташуваше една полусезона за Локомотива Бентоекспорт, а исто така една полусезона беше дел и од некогашниот прволигаш Еуромилк ГЛ.
Тодоровски дресот на Аеродром го носи од октовмри 2020 година, а сега го облекува дресот на Шкендија Арачиново.
Минатата сезона во Трета лига – Север екипата на Шкендија Арачиново заврши на второто место, а до последното коло се бореше со шампионот Куманово за првото место.
И во новата сезона останува борбата меѓу Шкендија Арачиново, шампионот Куманово кој беше поразен во баражот од Победа, Еуромилк ГЛ и Фортуна, но и оние екипи кои во новата сезона ќе пројават амбиции за Втора лига.
Александар Ванев, М-Нет