Шеста година по ред се организира меѓународниот натпревар „Сергеј Михајлов“ во Штип, од 7 до 11 април

И годинава традиционално ќе се организира меѓународниот натпревар „Сергеј Михајлов“ во Штип. Се организира шести пат по ред од страна на здружението „Уметност за сите“. Оваа година ќе се реализира во периодот од 7 до 11 април во просториите на Домот на култура „Ацо Шопов“ во Штип.

„Ова година се организира шестиот по ред меѓународен натпревар „Сергеј Михајлов“ организиран од здружението „Уметност за сите“. Членови се, претседстел Филип Стевановски, Славчо Величков во организациониот одбор, професори од музичкото училиште. Натпреварот ќе се одржи од 7 до 11 април во просториите на Домот на култура“ – вели Кавраков.

На натпретаврот може да се пријават учесници од најмали до студенти, дополнително и аматери во неколку дисциплини. Сите потребни критериуми се објавени на веб страната. Се очекува голем број учесници и позитивни вибрации и на овогодинешниот натпревар.

„Дисциплините кои ги содржи овој наш натпревар се теоретските предмети, пијано, дувачки инструменти, жичени инструменти, народни и џез и поп. Критериуми има во пропозициите, зависи од возраста на учениците, од најмали па до студенти и има дел за аматери.“ – додава Кавраков.

На натпреварот освен пријавени учесници од Македонија се очекува и од останатите земји, по примерот од минатата година. Кавраков упати покана до сите заинтересирани да се пријават и да учествуваат.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет