Шест нови животни пред Велигден ќе пристигнат во ЗОО паркот „Бриони“ во Штип

Бодликави и виетнамски прасиња, волк, коати, лемури и лебед се новите животни кои пред Велигден ќе пристигнат во ЗОО паркот „Бриони“ во Штип. За нив веќе се подготвуваат нови живеалишта, како дел од проширувањето на капацитетите на паркот. Активностите ги реализира ЈП „Исар“, кое работи на изградба на нови кафези за овие шест видови животни. Градоначалникот Иван Јорданов, е дециден дека новитетите ќе бидат одлична можност за младите, за граѓаните од градот и од регионот да во своето слободно време го посетат паркот и да поминат убави мигови. Кажа дека исто овде е предвиден и велигденски хепенинг, преку кој дополнително ќе се презентираат и новите животни.

,,Оваа пролет во ЗОО паркот Бриони ќе имаме новитети, по однос на нови живеалишта за нови шест видови на животни, кои ќе го збогатат ЗОО Паркот . Навистиан ми е драго што овој парк, прераснува во еден од поубавите во нашата држава, покрај скопската зоолошка и битолската, затоа што секоја година ги прошируваме капацитетите живеалиштата и воведуваме нови животни. Преку ЈП Исар моментано се работи на нови живеалишта – кафези за шест нови видови на животни. Ова навистина ќе биде одлична можност за малдите, но и за остантите, но и за целиот регион, да во слободно време го посетуваат овој преубав зоо парк. Се надевам дека до оној настан кој што ни е предвиден за Велигден, дека ќе бидат завршени сите превземени активности и дека овде ќе има преубав велигденски хепенинг, преку кој што ќе се презентираат новите животни и живеалишта.“, кажа Јорданов

Директорот на ЈП Исар Александат Арсовски, од зоолошката потенцираше дека тие како претпријатие интензивно работат во зоолошката. Дециден дека Штип ќе биде еден од најдобри градови со зоолошка градина.

,,Овој период во пресрет на велигденските празници и пролетта интензивно работиме во зоолошката градина, градиме нови живеалишта, а до самиот празник Велигден зоолошката ќе биде збогатена со неколку нови животни. Донесовме ему, а ќе донесеме бодликави прасиња, виетнамски прасиња, коати, лемури. Ќе донесеме и волк.“, вели Арсовски

Инаку, претходно во штипската зоолошка градина беа донесени и две ему птици и еден гривест мајмун павјан. Целта е што повеќе животни пристигнат во зоо паркот Бриони, а децата и граѓани уживаат во посетата.

Иван Митев, М-Нет