Стреличарство, врзување јазли и подигање шатори – активности преку кои дечињата учеа нови вештини во Дино паркот во Штип.

Стреличарство, врзување јазли, подигање шатори и извиднички игри беа дел од активностите што вчера се реализираа во Дино паркот во Штип. Преку новата соработка помеѓу извидничкиот одред „Еквинокс“ и паркот, децата и младите добија можност за поинакво дружење и учење. Настанот привлече голем број посетители, меѓу кои деца и родители. Целта е преку вакви активности да се поттикне развојот на децата. Организаторите најавуваат дека соработката ќе продолжи и во иднина со уште повеќе содржини.

,,Станува збор за една нова соработка, помеѓу извидничкиот одреден Еквинокс Дино парк Штп. Комбинираме активности кои одговараат на возраста на децата, како и на повозрасните секако и почнуваме едно ново поглавје, каде што ќе соработуваме, другаруваме, ќе опфатиме поголем број на деца и млади, ќе пробаме да пренесеме позитивни вештини и да пренесеме некоа убава енергија на децата, се со цел да ги насочиме да имаат некоја конструктивна улога во општеството, да учат за свои лични животни вештини и да се надградуваат како индивидуи.“, вели Тошиќ

Како што истакнаа организаторите од овој извиднички одред, заинтересираноста од децата и родителите од Штип е голема. Позитивно биле изненадени уште на стартот на вчерашниот настан. Велат вака ќе продолжат и во иднина.

,,Имаме неколку активности , имаме класични извиднички игри, кои се повеќе од забавен карактер, формирање на тимски дух, работа во групи. Како што имамве и во самата најава имаме една точка каде што врзуваме јазли, децата можат да пробаат да врзуваат јазли. Имаме подигање на шатори и имаме стреличарство, кое е една основа и нешто кое што е интересно и популарно кај децата и младите. Позитивно сме изненадени од бројот на луѓе кои се присутни овде во Дино паркот и ни е навистина драго што имаме една прекрасна група на деца и родители кои се посетители на паркот и кои доагаат и учествуваат во активностите и си поминуваат одлично.“, додава Тошкиќ

Инаку, како што најавија од овој извиднички одред, ваквите настани се предвидени и во следниот период, со цел младите се стекнат со знаења, лични животни вештини и да се надоградат како индиидуи.

Иван Митев, М-Нет