
Младите штипски пливачи Методи Георгиев и Ивона Наумова од пливачкиот клуб Челични од Штип, имаа повеќе од успешен настап на 11. Меѓународен пливачки митинг „Император Куп 2024“ на градскиот базен во Битола.
Георгиев освои три златни медали на 50 слободно, 50 делфин и 100 слободно, Наумова исто така како Георгиев освои три златни медали на 50 слободно, 50 делфин и 100 слободно.
Младите пливачи од Штип продолжуваат да нижат големи успеси како на домашни така и на меѓународни турнири, а последните златни медали освоени во Битола се потврда за нивните големи успеси.
Александар Ванев, М-Нет